јуни 29, 2010 • 4 Comments
Сакав да кажам нешто повеќе али се заборавив.. што побрзо муабетот ај ова ај она и на крај испаѓа дека немаш време ни да јадеш…
Како и да е стрип културата во Македонија си пости.. стрипаџиите меѓусебе си праат муабет на форум … еве ви и линк… исто како блог нешто али поинакво
http://www.makstrip.com.mk/
И така си излегов на пиво муабет со стрипаџиите и решивме да напраиме една емисија.. и повеќе внимание обрнавме на Синдром.. магазинот што почна да го издаваат и што веројатно и го немаат видено многу луѓе оти излегва во минмален број ан примероци..нормално финансии се проблем како и секаде…сепак се прави нешто..
отворија и здружение.. некако полека полека многу културни здруженија … не знам дали да се радувам или не…но се радувам дека работат.. инаку за ваша информација имаме здружение на арт институ кои се ументии и иаме здружение на општествено неподобен политички театар кои се актери.. значи сега имаме и стрипаџии..понатаму ќе ввидиме како ќе се одвиваат работите..
како и да е.. вечерва во 20.20 вторник значи..АЛТЕР 56 емисија посветена на стрипот во Македонија.. што како и зошто … се надевам ќе уживате.. јас уживав…си признавам… пристрасно ете нека биде…:)
инаку ..хмм.. се работи на случајот на културата и понатаму.. се надевам на добра борба за подобри услови и подобра култура.. зошто да не..
реприза иначе веројанто утре кај 12.45.. и така..
мај 17, 2010 • No Comments
Алтер 50 … тооо мајсторе… успеавме… да стигнeме до некаде…

Art Institut – No borders, Linda Adel Gudajn – Mala Stanica, Bre Kabare – Lica Bez Maski, Forbbiden Apple – promocija na spot
))) …
не е лошо ко за пеесет
уживајте… па 48 и 49 ќе успеам да ги качам на јутубот да се гледаат … ех..
напорна рабта ова уметноста.. али со задовослтво
април 21, 2010 • 10 Comments
април 5, 2010 • 2 Comments
АЛТЕР 44
Подалеку од секојдневието и црната хроника АЛТЕР како емисија за култура и уметност продолжува да изненадува со презентирање на музика, театар, изложби .. млади уметници и веќе докажани уметници ..
Овој вторник во 20.20 ч. на АБ Канал во АЛТЕР 44 ќе може да погледнете интересни нешта од областа на културата.
За почеток продолжение на муабетот со младите актери од Општествено Политички Неподобен Театар кои јасно и гласно го презентираат во јавноста своето мислење за третманотр на младите актери, режисери, драматурзи и други театарски работници. Самите основаат здружение и едноставно се борат против ништото и не си дозволуваат да го заборават она што го научиле. Надградбата и промените почнуваат во секој од нас, борбата започнува во секој од нас, а потоа продолжува во промена на светот.
Во Алтер секогаш се остава простор за младите ликовни уметници, и овој пат оставаме место за еден млад графичар кој имаше своја самостојна изложба во Малдинскиот Културен Центар. Давор Тренчовски е еден од младите ликовни уметници кои добиваат поддршка секоја година со тоа што им се организира самостојна изложба во МКЦ, како еден вид на отскочен момент за понатамошна кариера.
Од музика Алтер повторно влетува на свирка во Ла Кања, каде редовно се поддржува музичката андерграунд сцена. Овој пат интервју со Papetology, т.е. со три членови од вкупно девет. Еден мал оркестар кој дефинитивно си ја знае работата. За да не зборуваме на празно ќе оди и кратка снимка од нивната тонска проба, односно ќе може да слушнете каков звук создаваат младите музичари.
Овој вторник АЛТЕР препорачува и концерт на Pips, Chips & Videoclips, кој ќе се одржи во МКЦ на 9 Април. Како за приопрема еден до два спота од овој култен бенд. Препорачуваме и концерт на Љубојна во Универзалната сала на 10 Април, и дефинитивно не заборавајте дека оваа недела започнува Велофест – возете велосипеди и борете се за правата на велосипедистите.

Уживајте во АЛТЕР 44 и очекувајте секогаш нешто различно, секогаш другата страна …
март 30, 2010 • No Comments